свет

Прелиминарни резултати од пописот: Популацијата на Аргентина се искачи на над 47 милиони

Бројот на населението во земјата се зголемило за 7,2 милиони споредено со претходниот попис одржан во 2010 година.

Muhammed Emin Canik  | 20.05.2022 - Обновена : 20.05.2022
Прелиминарни резултати од пописот: Популацијата на Аргентина се искачи на над 47 милиони Фото: Mariano Gabriel Sanchez/АА

БУЕНОС АИРЕС (АА) - Популацијата на Аргентина се искачи на над 47 милиони, покажуваат прелиминарните резултати од пописот, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Националниот институт за статистика и попис (INDEC) соопшти дека населението во земјата брои 47.327.407, според пописот кој беше спроведен во средата.

Речиси 53 отсто од населението е женско, додека 47 отсто е машко.

Бројот на населението во земјата се зголемило за 7,2 милиони споредено со претходниот попис одржан во 2010 година.

„Ние, Аргентинците, сме над 47 милиони! Денес, благодарение на заедничките напори, имаме појасни информации за да работиме за подобра иднина“, напиша на Твитер аргентинскиот претседател Алберто Фернандез.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.