Adel Bin Ibrahim Bin Elhady Elthabti,Mehmet Nuri Uçar
20 Мај 2022•Ажурирај: 23 Мај 2022
ТУНИС (АА) - Четири лица ги загубија животите при потонување на брод со нерегуларни мигранти на отворено море кај Тунис, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста што ја објави туниската официјална новинска агенција ТАП, заснована врз информации добиени од морнарицата, активностите за пребарување и спасување на мигрантите започнале по пријавата дека брод потонал на отворено море наспроти градот Сфакс, во јужниот дел на земјата.
Спасувачките екипи успеале да спасат 44 лица, а од морските води ги извлекле телата на четворица починати.
Во веста се наведува дека во тек се активности за пронаоѓање на 10 лица кои се водат за исчезнати и се додава дека сите мигранти се Тунижани.
Земјите во северна Африка, како што се Тунис и Либија, се сметаат за појдовна точка на нерегуларните мигранти кои преку Медитеранот сакаат на илегален начин да стигнат до Европа.
Секоја година илјадници мигранти од Африка се обидуваат преку Медитеранот да стигнат до Европа со надеж за подобар живот. Додека некои од мигрантите успеваат да стигнат до Европа, други умираат во морските води.