Abdullah Aşıran
18 Јануари 2018•Ажурирај: 18 Јануари 2018
АМСТЕРДАМ (АА) - Група припадници на екстремно десничарското движење „Rechts in Verzet“ во Холандија на влезот на џамијата „Емир Султан" во Амстердам поставиле една макета на човек со исечена глава, како и транспарент со исламофобична и расистичка содржина, јавува Anadolu Agency (AA).
„Rechts in Verzet" ја презеде одговорноста за овој акт. Ова движење фотографијата на транспарентот на кој пишува „Исламот треба да се спречи. Во северниот дел на Амстердам не сакаме мега џамија на Дијанет кој е поврзан со Ердоган“, ја споделиле на социјалните мрежи.
Претставникот на џамијата „Емир Султан", Камбер Шенер, во изјава за АА истакна дека со овој акт постои цел да заплашат муслиманите, и нагласи дека ваквото однесување силно го осудува.
Шенер рече дека за прв пат се соочуваат со ваква ситуација во џамијата и ги предупреди сите да не подлегнуваат на ваквите провокации. Шенер истакна дека телефонски разговарал со градоначалникот на општина Амстердам, Јозиас ван Артсен, и дека тој им дал поддршка.
Според соопштеното, случајот е пријавен во полоција, и се води истрага за овој настан.