Ekipa
13 Април 2016•Ажурирај: 15 Април 2016
АМСТЕРДАМ (АА) – Машкото лице, чие апсење на амстердамскиот аеродром “Сипхол” синоќа предизвика паника, задржано е во притвор и покрај тоа што во неговата торба не е пронајден опасен материјал, соопшти холандската воена полиција, пренесува Anadolu Agency (AA).
Портпалорот на полицијата Алфред Елвангер, изјави дека истрагата „ќе покаже што точно се случило” синоќа што доведе до апсење на машкото лице чиј идентитет не сакаше да го открие поради “сомнителната ситуација”.
Стручњаците за експлозиви ги прегледаа работите на уапсеното лице, и не пронајдоа експлозив, додаде Елвангер.
Меѓународниот аеродром во Амстердам, “Сипхол”, синоќа беше делумно евакуиран откако беше повикана полицијата поради сомнение за поставен експлозивен уред. По известувањето за безбедносна закана припадниците на холандската специјална полиција покрена истрага.
“Полицијата евакуираше дел од паркингот пред аеродромот и блискиот хотел „Шератон” и едно лице е уапсено поради сомнителната ситуација”, изјави портпаролката на аеродромот Даниел Тајмер. Додаде дека летовите на аеродромот не се во голема мера погодени од безбедносната закана и дека возовите до аеродромската подземна станица се продолжени.
Откако беше делумно евакуиран, аеродромот во Амстердам од утринава е повторно отворен.