Gamze Türkoğlu Oğuz
08 Јули 2019•Ажурирај: 10 Јули 2019
АНКАРА
Првиот Африканец црнец, кој се здоби со шанса да замине во вселената, загина во сообраќајка со мотоцикл пред да го оствари својот сон, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста на „Би-би-си“ (BBC), која се базира на изјавите на неговото семејство, Манда Масеко, член на Јужноафриканските воздухопловни сили, го загубил својот живот во сообраќајка со мотоцикл. Манда Масеко успеал да се влезе во квотата од 23 члена на Американската вселенска академија, оставајќи зад себе еден милион кандидати од 75 земји.
Триесетгодишниот Масеко познат под прекарите „Астронаут“ и „Вселенско момче“ имал еднонеделна обука во вселенскиот центар „Кенеди“ во Флорида, каде што се подготвувал за едночасовен лет во орбитата. Летот првично бил закажан за 2015 година со вселенското летало „Lynx Mark“.
Масеко, кој е дете на автомеханичар и е роден роден во Сошангуве, во близина на градот Преторија, постојано истакнуваше дека сака да направи нешто за да ги инспирира младите од Африка и дека е можно и тие да постигнат успеси без разлика од каде потекнуваат.