Gülşen Topçu
08 Јули 2019•Ажурирај: 09 Јули 2019
КАИРО (АА) – Предлог-законот, кој предвидува египетско државјанство за секој странец што купува недвижен имот во земјата, што развива инвестициски проект или отвора приватна сметка во Централната банка, е одобрен во Парламентот и испратен до Државниот совет, пренесува Anadolu Agency (AA).
За да биде донесен предлог-законот треба да се достави на конечно гласање во Парламентот.
- Предлог-законот предизвика реакција -
Пратеникот Хејсем ал Харири во својот говор во Парламентот, спротивставувајќи се на предлог-законот рече дека поврзувањето на државјанството со инвестициите е негативен и лош чекор.
„Прашувам дали овој предлог-закон има врска со Договорот на векот“, истакна пратеникот Харири.
Претседателот на Парламентот, Али Абдулал, истакнувајќи дека предлог-законот не е поврзан со Договорот на векот, рече дека главната цел на законот е да привлечат инвестиции во земјата.
- Прва организација во рамките на „Договорот на векот“ -
Работилницата за економија насловена како „Мир за благосостојба“, која се одржа на 25-26 јуни во Бахреин, под водство на Соединетите Американски Држави (САД), беше прва организација во рамките на „Договорот на векот“, кој се очекува САД да го презентираат со цел решавање на израелско-палестинското прашање.
Палестинската власт, објавувајќи дека нема да учествува во работилницата, ги покани и земјите од регионот да ја бојкотираат. И покрај повикот за бојкот од страна на Палестина, на работилницата присуствуваа домаќинот Бахреин, Саудиска Арабија, Јордан, Египет, Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), Катар и Мароко.
На работилницата не беа поканети израелските функционери, а присуствуваа само бизнисмени и некои израелски новинари.