Ali Cura
11 Април 2018•Ажурирај: 11 Април 2018
МОСКВА (АА) - Најмалку шест лица загинаа во хеликоптерска несреќа што се случи во далечниот источен дел на Русија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Хеликоптер од типот „МИ-8“ се урна во близина на аеродромот во Хабаровск.
Руската новинска агенција ТАСС објави дека несреќата се случила за време на редовна вежба и дека приватниот хеликоптер паднал на пат и се запалил.
Во несреќата загинаа сите шест лица што беа во хеликоптерот, а според првичните информации нема настрадани меѓу случајните минувачи на улицата.
Истрагата за причината за несреќата е во тек.