Hajer M'tırı
11 Април 2018•Ажурирај: 12 Април 2018
ПАРИЗ (АА) - Францускиот претседател Емануел Макрон најави дека во наредните денови ќе изврши додатни консултации со челниците на Соединетите Американски Држави (САД) и Велика Британија и ќе одлучи дали Француските вооружени сили ќе интервенираат во Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
По состанокот со саудискиот престолонаследник, Мухамед бин Селман, Макрон синоќа изјави дека мета на евентуалните француски напади во Сирија ќе бидат комплексите за производство на хемиско оружје на силите лојални на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад.
„Немаме намера да ги гаѓаме сојузниците на режимот на Асад, ниту кој било друг, туку ја разгледуваме одлуката за нападите на постројките за хемиско оружје во Сирија“, појасни Макрон.
Силите лојални на режимот на сирискиот претседател Асад во саботата извршија напад во кој загинаа најмалку 78 цивили, а локалните извори јавуваат дека во нападот е користено хемиско оружје.
И саудискиот принц Мухамед бин Селман изрази подготвеност Саудиска Арабија да учествува во евентуалните напади врз хемиските постројки на сирискиот режим, доколку сојузниците од Ријад тоа го побараат.