Hamdi Çelikbaş
16 Ноември 2017•Ажурирај: 16 Ноември 2017
АНКАРА (АА) - Најмалку 10 лица се повредени во сообраќајната несреќа којашто се случи доцна синоќа, кога се преврте патнички автобус во близина на Анкара, јавува Anadolu Agency (AA).
Возачот на автобусот ја загубил контролата врз возилото на патот меѓу Анкара и Коња. По првртувањето, на местото на несреќата пристигнаа голем број медицински и противпожарни екипи.
Во моментот на несреќата во автобусот се наоѓаа вкупно 12 лица, а со возилата на брза помош во болница се пренесени 10 лица.
Засега не се знае степенот на повреди на хоспитализираните лица.
Надлежните служби поведоа истрага за откривање на причините на несреќата, а изјава ќе даде и возачот, кој не е повреден во несреќата.