Tuğçenur Akgün
17 Октомври 2023•Ажурирај: 20 Октомври 2023
ЊУЈОРК (АА) - Потсекретарот на ОН задолжен за хуманитарни прашања, Мартин Грифитс, кој воедно е координатор на ОН за итна помош, по израелскиот напад врз баптистичката болница и врз училиште во Газа, рече: „Стотици луѓе се убиени. Газа е на колена. Системите за здравство, вода и хигиена се во пропаст. На луѓето им се одзема достоинството“, пренесува Анадолу.
Грифитс на социјалната платформа X реагираше за денешните напади врз училиште и болница во Газа.
„Стотици луѓе се убиени. Газа е на колена. Системите за здравство, вода и хигиена се во пропаст. На луѓето им се одзема достоинството“, рече тој.
Инаку, над 500 луѓе беа убиени во израелски воздушен напад врз баптистичката болница Ал-Ахли во Газа, изјави за Анадолу портпаролот на Министерството за здравство, Ашраф ал-Кудра.
На снимките се гледаат трупови расфрлани низ болницата.
Според репортерот на Анадолу, илјадници Палестинци биле во болницата кога зградата била бомбардирана.