Jamal Prince Jamal
11 Јуни 2024•Ажурирај: 12 Јуни 2024
ЛИЛОНГВЕ (АА) - Потпретседателот на Малави, Саулос Чилима, и уште 9 лица загинаа при пад на воен авион, кој исчезна ова утро од радарот за време на летот во северниот дел на земјата, известува Анадолу.
Обраќајќи ѝ се на нацијата, претседателот на Малави, Лазарус Чаквера, рече дека сите патници загинале при падот на авионот во шумското подрачје Чикангава во градот Мзузу, за време на враќањето во Лилонгве откако авионот не успеал да слета на Меѓународниот аеродром Мзузу поради лошата видливост.
„Д-р Саулос Клаус Чилима беше добар човек. Патриотски граѓанин на земјава, извонреден потпретседател, кој одлично ѝ служеше на земјата. Ми беше голема чест што го имав за заменик и советник во изминатите 4 години“, рече Чаквера.
Остатоците од авионот се пронајдени утринава.
Меѓу загинатите е и поранешната прва дама на Малави, Шанил Мулузи.
Настраданите требаше да присуствуваат на погребот на поранешниот министер за правда и државен обвинител, Ралф Касамбаре, во Мзузу.