Esat Fırat
30 Март 2018•Ажурирај: 30 Март 2018
ПАРИЗ (АА) - Поранешниот претседател на Франција, Никола Саркози, ќе се појави пред суд поради обвиненијата за корупција и злоупотреба на влијанието, јавува Anadolu Agency (AA).
Се работи за случај на прислушкување на телефонски разговори во 2014 година во кои Саркози бара влијание врз судиите кои се занимаваат со неговите наводно илегални начини на финансирање на претседателската кампања.
Поранешниот француски претседател ја отфрли вината за обвиненија за кои се товари.
Потсетуваме, во одвоениот случај, Саркози е обвинет дека примил финансики средства за својата кампања во 2007 година, од убиениот либиски лидер Муамер Гадафи.
Истрагата е отворена во 2013 година, а францускиот бизнисмен Зиад Такиедин и синот на поранешниот либиски лидер Саиф ал-Ислам Гадафи од 2011 година тврдат дека некогашниот француски претседател од Либија примил 50 милиони евра за својата кампања.