Recep Şakar
30 Март 2018•Ажурирај: 31 Март 2018
ПОРТ МОРЕСБИ (AA) - Земјотрес со јачина од 6,9 степени по Рихтер ја погоди Папуа Нова Гвинеја, јавува Anadolu Agency (AA).
Американскиот геолошки завод (УСГС) соопшти дека земјотресот е регистриран на островот Нова Британија на длабочина од 35 километри.
Не е познато дали во земјотресот има настрадани.
Пацифичкиот центар за предупредувања од цунами (ПТВЦ) издаде предупредување кое потоа го повлече.
Во земјотресите кои кон крајот на февруари и почетокот на март ја погодија Папуа Нова Гвинеја настрадаа 125 лица, а неколку илјади луѓе останаа без нивните домови.