Ekip
29 Март 2018•Ажурирај: 31 Март 2018
МОСКВА (АА) – Рускиот шеф на дипломатијата Сергеј Лавров изјави дека Русија ќе го затвори конзулатот на САД во Санкт Петербург и ќе возврати со ист број на протерани дипломати во врска со случајот Скрипал, јавува Anadolu Agency (AA).
Во обраќањето на новинарите во Москва по состанокот со Стефан де Мистура, специјалниот пратеник на ОН за Сирија, Лавров истакна дека Русија ќе протера ист број дипломати колку што руските дипломати се протера САД и другите земји. Нагласи и дека мерките на Русија против САД би можеле да бидат построги.
Истакна дека американскиот амбасадор во Москва Џон Хантсман е повикан во Министерството за надворешни работи на Русија каде му е соопштена веста за спомнатите руски мерки од страна на заменик министерот Сергеј Риабков. Додаде и дека Русија на 2. април свика вонреден состанок на Меѓународната организација за забрана на хемиско оружје (OPCW) на кој ќе се дискутира за случајот Скрипал.
Поранешниот руски агент, 66-годишниот Сергеј Скрипал и неговата 33 годишна ќерка Јулија неодамна беа пронајдени во несвесна состојба во Англија и беа згрижени во болница.
Велика Британија ја обвини Русија за труење на Скрипал, што рускиот претседател Владимир Путин категорично го негираше. Официјален Лондон тврди дек нападот е изведен со употреба на нервен отров Новичок кој советските сили го користеле и во Втората светска војна.
САД по скандалот протераа вкупно 60 руски дипломати и наредија затворање на руски конзулат во Сиетл. Вкупно 19 членки на ЕУ донесоа одлука за протерување на руски дипломати и солидаризирање со Велика Британија.
НАТО во вторник ги поништи акредитациите на седум руски дипломати и одби барање за издавање на акредитација на тројца нови претставници на Москва.