Esat Fırat
29 Март 2018•Ажурирај: 30 Март 2018
ЕРУСАЛИМ (AA) - Во случај на ескалација на настаните, Израел се закани дека ќе изврши атентат врз палестински лидери, особено врз Хамас, во Појасот Газа, јавува Anadolu Agency (AA)
Портпаролот на израелската армија, Авичај Адрае на својот профил на социјалните мрежи напиша: „Нема да дозволуваме лидерите на Хамас да се сокријат во Газа, додека жените и децата ги испраќаат на границата“.
„Ако е потребно, ќе одговориме на оние на граничниот ѕид и во исто време кои се кријат во длабочините на Газа (воено крило на Хамас) што стои зад овие насилни демонстрации", рече Авичај Адрае, кој ги сподели фотографиите на претседателот на политичкото биро на Хамас, Ислам Хеније и одговорното лице за Газа на Хамас, Јахја ес-Синвар.
Од друга страна, израелскиот министер за домување и градежништво, Јоав Галант, кој даде изјава во врска со палестинскиот дел на земјиштето, рече дека убиствата на лидерите на Хамас биле една од можностите во случај на ескалација на настаните на границата во Газа.
„Сè е легално во време на војна, и ако Хамас ќе направи каква била грешка, ќе го дадеме одговорот“, истакнал Галант, објавија израелските медиуми.