свет

Поради ФЕТО, во Германија запрен проект за меѓурелигиски дијалог

„Не можам да поддржам проект кој создава нов судир, наместо да промовира меѓурелигиски дијалог и разбирање“, изјави сопственичката на парцелата, Кетрин Дусман.

Mesut Zeyrek  | 09.03.2019 - Обновена : 11.03.2019
Поради ФЕТО, во Германија запрен проект за меѓурелигиски дијалог

КЕЛН (AA) - Запрен е проектот за изградба на објектот „House of One“ во Берлин, за кој е планирано да биде место на три религии во тој германски град. Проектот е запрен поради повлекувањето на сопственичката на парцелата, на која е планирано градењето на објектот, а причина за тоа е вклученоста на терористичката организација ФЕТО, јавува Anadolu Agency (AA).

Повлекувањето на сопственичката Кетрин Дусман е предизвикано од вклученоста на ФЕТО во целиот проект.

Според веста објавена во локалните медиуми, сопственичката на земјиштето, претприемачката Катрин Дусман се повлекла од проектот бидејќи „во проектот, освен ФЕТО, не учествувале други муслимански претставници и поради прифаќањето на оваа организација за одговорна за обидот за државен удар во Турција на 15 јули.“

Локалните медиуми наведуваат дека Дусман образложила дека освен ФЕТО, ниту еден друг муслимански претставник не учествувал во проектот.

„Не можам да поддржам проект кој создава нов судир, наместо да промовира меѓурелигиски дијалог и разбирање“, порача Дусман.

Берлинскиот весник „Цајтунг“ („Zeitung“) на оваа тема објави вест во која вели дека се појавиле одредени сомнежи во врска со проектот на Дусман. Во веста се наведува дека во проектот на Дусман, која е убедена дека на Берлин му е потребен простор за дијалог, освен „маргиналната група на Ѓулен“, не учествува ниту една муслиманска задница и верска група.

Подготовките за изградба започнале во јануари. Досега за изградба се донирани 8,5 милиони евра, а се очекува дека ќе чини 43,5 милиони.

Терористичката организациај ФЕТО и нејзиниот водач, Фетула Ѓулен, стојат зад неуспешниот обид за пуч на 15 јули 2016 година во Турција, во кој загинаа 251 лице, а беа ранети речиси 2.200.

ФЕТО стои и зад долгогодишната кампања за рушење на државниот поредок преку инфилтрирање во турските институции, особено во војската, полицијата и правосудството.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.