Kasım İleri
09 Март 2019•Ажурирај: 11 Март 2019
ВАШИНГТОН (АА) - Министерката за воздухопловни сили на САД, Хетер Вилсон, одлучи да понесе оставка по две години на оваа функција, јавува Anadolu Agency (AA).
Во оставката која ја упати до американскиот претседател Доналд Трамп, Вилсон наведува дека планирала должноста да ја напушти на 1 мај, бидејќи е единствената кандидатка на позиција ректор на Универзитетот во Тексас.
Одлуката на американската министерка следуваше по оставката на министерот за одбрана, Џим Матис, во декември минатата година.
По неговата оставка, долго време се сметаше дека Вилсон е една од најзначајните кандидати за следен министер за одбрана.
Американските медиуми пишуваат дека Трамп за следен министер за одбрана ќе го кандидира заменик-министерот за одбрана на САД, Патрик Шанахан, а дека Вилсон го прифатила предлогот на Универзитетот во Тексас поради несогласувањата со Шанахан.