Ekipa
09 Март 2019•Ажурирај: 11 Март 2019
Стотина членови на „Жолтите елеци“ излегоа на улиците на Париз и другите француски градови 17-та сабота едноподруго, за да продолжат со притисокот врз Владата на претседателот Емануел Макрон да ја смени политиката за која сметаат дека ги фаворизира богатите, пренесува Anadolu Agency (AA).
Парискиот марш на „Жолтите елеци“ започна пред Триумфалната капија, а заврши пред Луксембуршката градина, каде што е седиштето на Сенатот.
Оваа недела маршот го предводеа жените, со што „Жолтите елеци“ на ден по Меѓународниот ден на жените, сакаа да укажат на еднаквоста на правата меѓу половите. Слични маршеви се одржаа и во многу други француски градови.
Бројот на демонстранти се намалува од недела во недела. Испитувањето на јавното мислење покажа дека „Жолтите елеци“ имаат сѐ помала поддршка од Французите поради насилството и големите материјални штети што ги одбележаа некои од претходните протести.