Fatih Erel
15 Март 2019•Ажурирај: 17 Март 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Познатиот рагбист Сони Бил Вилијамс, видно шокиран, преку видеоснимка, борејќи се да не заплаче, испрати молитви за жртвите од нападите врз двете џамии во Крајстчерч, Нов Зеланд, јавува Anadolu Agency (AA).
„Само што ги слушнав вестите. Не можам да опишам како се чувствувам во моментот. Испраќам молитви за нивните семејства... Ако даде Господ секој што беше убиен денес да биде во рајот“, изјави Вилијамс, кој исто така е муслиман.
Тој рече дека бил длабоко потресен од она што се случило во Нов Зеланд.
Во терористичките напади извршени врз две џамии за време на петочната молитва во градот Крајстчерч, во Нов Зеланд, животот го загубија 49 лица, а повеќе од 20 лица се повредени.
Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, за новинарите изјави дека нејзината земја ги третира овие напади како „терористички инцидент“.
„Не постои место во Нов Зеланд за вакви дела од екстремно и невидено насилство, што јасно претставуваше овој акт“. рече Ардерн.
„Јасно е дека ова е еден од најмрачните денови на Нов Зеланд“, истакна тој.