Abdullah Aşıran
15 Март 2019•Ажурирај: 18 Март 2019
ХАГ (АА) - Илјадници просветни работници во Холандија стапија во штрајк, барајќи подобри услови за работа и поголеми плати, јавува Anadolu Agency (AA).
На штрајкот, кој го организираше Унијата на синдикати од општо образование (AOB) и Конфедерацијата на синдикати на работници во Холандија (FNV), се придружија околу 40.000 просветни работници од различни делови на земјата.
Наставата не се одвиваше во голем број училишта во Холандија.
Холандските власти во септември 2017 година соопштија дека буџетот за основни училишта ќе изнесува околу 270 милиони евра.
Меѓутоа, по најавата за планиран штрајк на просветните работници, во октомври истата година е порачано дека за потребите на основните училишта холандските власти ќе издвојат околу 500 милиони евра.