Alaattin Doğru
24 Август 2021•Ажурирај: 25 Август 2021
ПАРИЗ
Пожарите што избувнаа минатата недела во јужниот дел на францускaта област Вар сè уште не се изгаснати, иако се ставени под контрола, се вели во официјалното соопштение, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Шест патишта беа затворени за сообраќај поради опасност од пожар“, се вели во соопштението од Канцеларијата на префектот на Вар.
Локалната противпожарна служба, исто така, објави дека 400 пожарникари се борат со пламенот.
Според истрагата, цигара фрлена од местото за одмор на автопатот кон шумата била главната причина за пожарите.
Досега, животот го загубија две лица, додека 19 лица вдишаа чад. Најмалку седум пожарникари се полесно повредени додека се бореле со пламенот на површина од речиси 8.000 хектари.
Речиси 10.000 луѓе и многу кампови во близина на брегот беа евакуирани поради пожарите.
Шумскиот пожар започна во планината Маурес Масив во близина на градот Гонфарон на 16 август. Оттогаш, пожарникарите заедно со специјалните авиони и хеликоптери се обидуваат да го изгаснат.