свет

Пожарите продолжуваат да беснеат низ Аргентина

Властите велат дека има активни пожари во Кориентес, Кордоба, Мисионес и Рио Негро

Ekipa  | 20.01.2022 - Обновена : 24.01.2022
Пожарите продолжуваат да беснеат низ Аргентина

ЛОНДОН (АА) - Шумските пожари продолжуваат да беснеат низ Аргентина, а високите температури и ветрови им помагаат да се прошират, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според Националната служба за управување со пожари (SNMF), провинциите Кориентес, Кордоба, Мисионес и Рио Негро имаат активни пожари.

Но властите велат дека тие успеале да контролираат некои пожари низ земјата.

Во последните недели, јужноамериканската нација беше погодена од суша и екстремен топлотен бран, што создава предизвикувачки услови за пожарникарите да ги изгаснат пожарите.

Според властите, пожарот, исто така, е активен во Итузаинго во северниот дел на провинцијата Кориентес, која граничи со делови на Бразил, Парагвај и Уругвај.

Пожарите во градот Аристобуло дел Вале во северната провинција Мисионес исто така остануваат активни заедно со пожарите во јужната провинција Рио Негро и областа Барилоче кои започнаа на 7 декември по удар на гром, како и пожари во округот Кордоба.

Тие, исто така, рекоа дека има избувнувања на пожари во провинциите Санта Фе, Јуџуј, Салта, Неукен, Сан Луис, Тиера дел Фуего, Формоса, Катамарка и Чако.

Владата на претседателот Алберто Фернандез вети дека ќе обезбеди околу 800 милиони пезоси (7,7 милиони американски долари) за провинциите Рио Негро, Неукен, Чубут и Мисионес, кои се најтешко погодени од пожарите.

Од декември, пожарите во провинцијата Рио Негро (Патагонија) зафатија повеќе од 6.000 хектари.

Кон крајот на декември, Федералната влада потврди дека пожарите во Патагонија се поврзани со климатските промени.

Пожарникарите работат низ целата земја во последните недели за да се борат со пожарите кои зафатија девет од 23-те провинции на земјата.

На 12 јануари Федералната влада на Аргентина, имајќи ја предвид тековната ситуација, прогласи вонредна состојба поради пожарите во период од една година.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın