Cüneyt Karadağ
20 Јануари 2022•Ажурирај: 21 Јануари 2022
БЕРЛИН (АА) - Германската полиција истражува 12.000 сомнителни случаи на фалсификување сертификати за вакцинација против коронавирусот, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Германската новинска агенција објави дека истрагата е започната по информациите за илјадници фалсификувани потврди за вакцинација.
Се наведува дека измамата е широкораспространета во апликацијата за размена на пораки, Телеграм и дека овие сертификати може да се добијат за 200-300 евра.
„Агенциите за спроведување на законот не можат да го утврдат вистинскиот број на лажни потврди за вакцинација кои моментално се во оптек“, објави агенцијата.
На Маркус Анфанг, фудбалскиот тренер на германскиот второлигаш Вердер Бремен, му беше раскинат договорот и беше спроведена истрага откако беше откриено дека користел лажен сертификат за вакцинација.
Германската Влада ја засили кампањата за вакцинирање и планира да понуди дополнителни вакцини за сите возрасни постари од 18 години во рок од неколку недели за да го спречи ширењето на омикрон-варијантата на коронавирусот.
Околу 72,8 отсто од населението е целосно вакцинирано против Ковид-19, а речиси 47,6 отсто од него исто така ги примило бустер дозите, според официјалните податоци.