Adam Abu-bashal
20 Јануари 2022•Ажурирај: 26 Јануари 2022
АБУЏА (АА) - Обединетите нации (ОН) соопштија дека 8,3 милиони лица во североисточниот дел на Нигерија имаат потреба од итна хуманитарна помош, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението објавено на твитер-профилот на Канцеларијата за координација на хуманитарни работи на ОН (OCHA), не постои знак дека ќе се намали насилството предизвикано од терористичката организација Боко Харам во подрачјето.
Се вели дека поради нападите во регионот, 8,3 милиони лица имаат потреба од итна хуманитарна помош.
„И по 12 години, кризата во североисточниот дел на Нигерија не покажува знаци на намалување“, се наведува во ова соопштение.
И покрај операциите извршени во последните години, Боко Харам сѐ уште претставува сериозен безбедносен проблем во Нигерија.
Над 20.000 лица загинаа во масовните терористички активности кои Боко Харам ги изврши од 2009 година досега.
Стотици илјади лица во земјата беа принудени да мигрираат поради терористичките напади и судирите.