СКОПЈЕ (АА) – Разни институции на Република Турција на граѓаните погодени од поплавите што се случија на 6 – 7 август 2016 година во Скопје и околината, им доделија донации и различен вид хуманитарна помош, јавува Anadolu Agency (AA).
Турската црвена полумесечина ја заврши својата тримесечна работа на теренот и во соработка со турските невладини организации во Македонија и Црвениот крст го искоординира доделувањето на споменатата хуманитарна помош. Од страна на Турската црвена полумесечина, на Црвениот крст на Македонија му е испратена донација со вкупна вредност од 9.370 евра, која се состои од 500 лопати, 39 копачи, 200 четки од жица, 100 рачни колички, 300 парчиња црева, 500 пара ракавици, 300 пара чизми и 500 маски.
Од страна на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) овозможена е помош со вкупна вредност од 21.500 евра, со тоа што се доделени вкупно 400 комплети со храна и хигиенски средства, и на 70 семејства им е доделена бела техника. Доделената помош од страна на Здружението на турски бизнисмени и индустријалци МУСИАД со комплети од храна и хигиенски средства за 1.000 семејства е во вредност од 15.000 евра.
Во периодот од 11 – 22 август 2016 година, од страна на Градот Истанбул е испратена екипа од 38 лица кои работеа на теренот со своја опрема, како водни пумпи, пумпи за извлекување кал, и друга техничка опрема. Од друга страна, пак, тие доделија и опрема како рачни колички, копачи, лопати, чизми, а истовремено мобилната кујна даваше услуги. Од загрозените подрачја се испумпани 930.500 литри вода, исчистен е пат во должина од 4.750 метри, исчистени се 328 живеалишта, 280 канали и во 374 наврати со камиони е пренесен шут. Помошта е во вредност од 49.400 евра.
Помошта на Градот Бурса е во вкупна вредност од 38.477 евра, а се состои од 3.960 пакети брашно од 5 кг, 12.000 пакувања макарони, 13.750 шишиња вода од 0,5 литри, 33 софи, 200 ќебиња, 200 комплети прекривачи, 200 перници, 170 кревети, 300 конзерви, 3.335 парчиња облека, 310 пакети храна, и 6.407 средства за хигиена. Меѓу другите, Градот Бурса испрати технички персонал од 12 лица и возила за комбинирано чистење на канали и противпожарни возила, а со тоа вредноста на помошта во поплавениот регион изнесува 22.545 евра. Турската црвена полумесечина испрати 6.320 комплети вода за пиење во вкупна вредност од 2.744 евра.
Општина Ејуп испрати помош со вкупна вредност од 146.783 евра, која се состои од 27 комплети облека, 1.000 теписи, 1.000 килими, 1.000 черги, 10 пластични маси, 60 пластични столчиња, 20 канти боја за надворешна фасада, 1.152 шишиња вода за пиење од 5 литри, 360 туби вода за пиење од 10 литри, 500 парчиња детергент за миење садови, 99 комплети облека, 1.500 комплети храна, 500 пакувања брашно од 10 кг, 2.000 пакувања ориз од 2,5 кг, 10.000 пакувања макарони од 500 грама, 1.000 шишиња сончогледово масло од 5 литри.
Здружението на општини Мармара испрати помош од вкупна вредност 50.207 евра, која се состои од: разновидна храна, пелени за деца, играчки, средства за лична и домашна хигиена, вода, разновидна облека, конзерви, сол, шеќер, брашно, макарони, грав, салфети и друго.
Општина Османгази испрати помош во вкупна вредност 15.903 евра, која се состои од 3.600 литри сончогледово масло, 2.500 кг шекер, 2.500 кг брашно, 750 ќебиња и 25 каучи. Џевахир Холдинг уште од првиот ден од поплавите работи во регионот, доброволно ангажирајќи го својот персонал и работните машини. Исто така, имаат помогнато од аспект на реновирања на некои куќи, донирање средства за хигиена, опреми, пелени за деца и храна во износ од 15.000 евра.
Турската општина Баликесир испрати 100 софи, со вкупна вредност од 9.912 евра. Фондацијата за верски прашања на Турција испрати хигиенски материјали кои беа доделени на 2.000 семејства, во соработка со Советништвото за верски прашања при нашата амбасада и Турската црвена полумесечина. Од друга страна, започнати се активностите за поправки на џамијата во населгата Синѓелиќ (Хасанбег), оштетена од поплавите, каде што ќе бидат сменети теписите и ламинатот. Вкупната вредност на наведената помош изнесува 40.200 евра.
Претставниците на Турската црвена полумесечина во Македонија за поплавените семејства купија и доделија 690 шпорети, 508 фрижидери и 136 машини за перење, со материјална помош во вредност од 300.066 евра испратена од страна на Заедницата на турските општини.
Од страна на АФАД при Владата на Република Турција (Претседателството за управување со кризи и итни случаи), испратени се вкупно 500 машини за перење и 500 сета за кујна во вредност од 102.505 евра.
Преку Турската црвена полумесечина, од страна на Здружението на општини Мармара, испратени се 23 машини за перење и 47 фрижидери во вредност од 13.088 евра.
Според податоците, вкупната вредност на донацијата од страна Република Турција испратена досега изнесува 852.700 евра.
news_share_descriptionsubscription_contact
