Yusuf Özcan
18 Јули 2020•Ажурирај: 20 Јули 2020
ПАРИЗ
Избувна пожар во катедралата Сен Пјер која се наоѓа во францускиот град Нант, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според вестите на француските медиуми, пожарот кој избувна во утринските часови во оваа катедрала во Нант, беше изгаснат по неколку часа.
Сеуште не се знае причината на пожарот.
Овој пожар предизвика сериозна штета во катедралата.
Обвинителството во Нант започна истрага за овој случај.
Се истакнува дека премиерот на оваа земја, Жан Кастекс, ќе ја посети катедралата и ќе врши испитување во местото на настанот.
Исто така, во 1972 година избувна пожар во оваа катедрала, каде биле изгорени кулата и кровот на оваа катедрала.
Катедралата Сен Пјер е изградена во 15. век, а Министерството за култура на Франција во 1862 година оваа катедрала ја прогласи за историско дело.