Gamze Türkoğlu Oğuz
18 Јули 2020•Ажурирај: 20 Јули 2020
АНКАРА
Истражување спроведено во Соединетите Американски Држави (САД) потврди дека новиот вид коронавирус (Ковид-19) не може да се пренесе во луѓето преку комарци, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Деталите на ова истражување реализирано од страна на челникот на Истражниот институт за биобезбедност при Униврзитетот Кансан, Стефен Хигс, заедно со неговите колеги и со вработените на Факултетот за ветеринарство, се објавени во списанието „Scientific Reports“.
Ова истражување е првото експериментално стражување во врска со капацитетот на комарците за пренесување на Ковид-19.
Во овие рамки, потврдено е дека коронавирусот не успеал повторно да се размножува кај три распространети видови комарци наречени „Aedes aegypti, Aedes albopictus и Culex quinquefasciatus“, и затоа донесен е заклучок дека овој вирус не може да се пренесе во луѓето преку комарци.
„Иако Светската здравствена организација строго истакна дека комарците не може да го пренесат вирусот, ова наше истражување е прво истражување кое ја поддржува оваа теорија и открива сеопфатни податоци околу тоа“, рече Хигс.