Zehra Ulucak
18 Јули 2020•Ажурирај: 20 Јули 2020
АНКАРА
Бројот на лицата починати од заразувањето со коронавирусот (Ковид-19) во светот ја надмина бројката од 600.000, јавува Агенција Анадолија (АА).
Интернет страница „Worldometer" објавува ажуриран преглед на глобалната епидемиолошка слика од почетокот на пандемијата на Ковид-19, а според последните податоциво светот од Ковид-19 починаа 600.039 лица, додека бројката на заразени изнесува 14.215.771.
Со пандемијата Ковид-19 најтешко се погодени САД со 142.065 починати лица, а следуваат Бразил (77.932), Велика Британија (45.233), Мексико (38.310), Италија (35.028), Франција (30.152), Шпанија (28.420), Индија (26.295).
Од вирусот се опоравија 8.488.370 лица, а во процес на лекување се 5.127.362 лица.
Коронавирусот кон крајот на минатата година се појави во кинескиот град Вухан, а Светската здравствена организација (СЗО) на 11 март оваа година прогласи глобална пандемија на Ковид-19.