Abdullah Yasin Güler
18 Јули 2020•Ажурирај: 19 Јули 2020
АНКАРА
Турскиот авион кој содржи помош од медицинска опрема која ќе се користи во борбата против новиот вид коронавирус (Ковид-19) пристигна во Венецуела, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение објавено на Твитер ја потврди Министерството за национална одбрана на Турција.
„На надлежните им се предадени медицинската опрема и писмото на нашиот претседател Реџеп Таип Ердоган испратено до почитуваниот Николас Мадуро. Потпретседателот на Венецуела, Д. Родригез, преку видео-конференција учествуваше на церемонијата за примопредавање на опремата“, се наведува во соопштението.
Авионот беше пречекан од страна на министерот за надворешни работи на Венецуела, Хорхе Ареаза и амбсадорот на Турција во Каракас, Шевки Мутевелиоглу.