Fatma Esma Arslan
22 Март 2018•Ажурирај: 23 Март 2018
АНКАРА (АА) - Поддржувачите на терористичката организација ПЈД/ПКК се обидоа пљачките кои припадниците на ДЕАШ ги изведоа 2015 година да ја искористат со цел клеветење на операцијата „Маслинова гранка“ во сирискиот Африн, јавува Anadolu Agency (AA).
Лицата поврзани со терористичката организација, дури и по ослободувањето на центарот на Африн продолжуваат со клеветење на операцијата „Маслинова гранка“, која Вооружените сили на Турција (ТСК) и Слободната сириска војска (ССВ) ја покренаа на 20 јануари.
На социјалните мрежи се појави фотографија со опис „Ова е Азаз.Терористите ги продаваат работите, украдени во Африн“, која всушност е направена во 2015 година и не е поврзана со операцијата „Маслинова гранка“.

На фотографијата може да се види пазар на кој се продаваат работи кои припадниците на ДЕАШ ги украле при пљачкање на куќа во Рака.
Исто така, Слободната сириска војска, претходно соопшти дека ја прекинала соработката со двајца припадници кои биле вмешани во обидот за пљачка во Африн и дека во слични ситуации ќе бидат применети сериозни санкции.