свет

Под обвинение за помагање, приведен таткото на браќата напаѓачи во Шри Ланка

Приведен е таткото на двајцата браќа кои учествуваа во бомбашките терористички напади врз осум локалитети во Шри Ланка за време на прославата на католичкиот Велигден

Emel Öz Gözellik  | 25.04.2019 - Обновена : 26.04.2019
Под обвинение за помагање, приведен таткото на браќата напаѓачи во Шри Ланка

АНКАРА (АА) - Приведен е таткото на двајцата браќа кои учествуваа во бомбашките терористички напади врз осум локалитети во Шри Ланка за време на прославата на католичкиот Велигден, пренесува Anadolu Agency (AA).

Според веста што ја објави „Си-ен-ен“ (CNN), портпаролот на полицијата, Руван Гунасекера, соопштил дека под обвинение за помагање и давање заштита на двајцата браќа Имсат Ахмет Ибрахим и Илхам Ахмет Ибрахим, приведен е нивниот татко Мухамет Јусуф Ибрахим.

Гунасекера информираше дека во однос со терористичките напади извршени во неделата, на 21 април, во Шри Ланка, екипите за борба против тероризмот извршиле рации во пет куќи. Повеќе од 70 осомничени се приведени.

Во тек е меѓународна истрага за нападите.

За време на чествувањето на католичкиот Велигден, во Шри Ланка, цел на терористичките напади беа црквите „Свети Антониј“ во Кочикаде, „Свети Себастијан“ во Катана и црквата „Девица Марија“ во Батикалоа, како и хотелите со пет ѕвезди „Кингсбери“, „Синамон гранд“ и „Шангри Ла“ во градот Коломбо.

По овие напади, во предградијата на главниот град Коломбо, во хотел со три ѕвезди во близина на Зоолошката градина во Дехивала и на надвозникот Дематого, исто така имаше експлозии.

Во терористичките напади загинаа 359 лица, додека повеќе од 500 беа ранети. Одговорноста за нападите ја презеде терористичката организација ДЕАШ.

По терористичките напади што беа изведени врз црквите и хотелите на 21 април, во Шри Ланка се забранија летови за дронови и беспилотни летала.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.