свет

Лидерите на Русија и Северна Кореја дискутираа за денуклеаризацијата

„Благодарение на големиот број иницијативи од страна на Ким, ситуацијата на Корејскиот Полуостров е стабилизирана во текот на изминатите месеци“, изјави Путин

Elena Teslova  | 25.04.2019 - Обновена : 26.04.2019
Лидерите на Русија и Северна Кореја дискутираа за денуклеаризацијата

МОСКВА (АА) - Рускиот претседател Владимир Путин и лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг Ун, со официјален прием денеска го завршија нивниот самит, јавува Anadolu Agency (AA).

Путин и Ким се состанаа во Владивосток за да дискутираат за билатералните односи и денуклеаризацијата на Корејскиот Полуостров.

Разговорот зад затворени врати траеше 3,5 часа.

Зборувајќи за делегациите учесници, Ким изрази надеж дека конструктивниот дијалог ќе продолжи.

Путин ги пофали напорите на Ким за помирување на Северна Кореја и Јужна Кореја. „Благодарение на големиот број иницијативи од страна на Ким, ситуацијата на Корејскиот Полуостров е стабилизирана во текот на изминатите месеци“, изјави рускиот претседател.

Путин за новинарите изјави дека ќе дискутира за резултатите од Самитот со кинеските лидери во Пекинг кога ќе присуствува на утрешниот состанок.

Тој нагласи дека дискутирал со Ким за изградба на железница и гасовод кои ќе ги поврзува Русија со Северна Кореја и Јужна Кореја, додавајќи дека ова ќе служи како мерка за изградба на доверба.

Рускиот претседател рече дека времето за свикување на шестпартитните разговори во врска со Северна Кореја, Јужна Кореја, Кина, Русија, Јапонија и САД сѐ уште не дошло.

Путин, исто така за првпат коментираше за последните избори во неделата во Украинна на кои Владимир Зеленски ја водеше претседателската трка.

Тој изјави дека Русија е отворена за конструктивен дијалог со Украина, додавајќи дека резултатите покажуваат дека тековните политики на претседателот Петро Порошенко не успеале.

Путин ги отфрли критиките за олеснување на руското државјанство за населението на Донбас во источна Украина.

Ова е прва посета на лидерот на Северна Кореја во Русија од 2011 година. Ова е исто така, и прв состанок помеѓу Путин и Ким.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.