Ekipa
25 Април 2019•Ажурирај: 28 Април 2019
КАРТУМ (АА) - Тројца членови од владејачкиот Воен транзициски совет (MTC) во Судан поднесоа оставки, а опозицијата не отстапува од барањата за формирање на цивилна власт, јавува Anadolu Agency (AA).
Советот соопшти дека оставки поднеле генералите Џалал ал Дин ал Шеик, Ал Тајеб Бабакр и Омар Заин ал Абидин.
Станува збор за тројца генерали чие изземање од Советот го бараше опозицијата која ги смета за остатоци од режимот на соборениот претседател на Судан, Омар ал Башир.
Суданската војска неодамна, по повеќемесечни протести, го собори претседателот Омар ал Башар, кој владееше со Судан од 1989 година. Војската, исто така основа Воен совет кој ќе управува со земјата во преодниот период од две години.
Опозицијата се противи на владеењето на Воениот совет и бара итно формирање на цивилна власт во таа африканска држава.
Воениот совет и опозициската организација Сили за слобода и промена договориле формирање на заедничка комисија, чија задача ќе биде да го утврди процесот на транзиција кон цивилна власт.