Mustafa Deveci
04 Јануари 2018•Ажурирај: 04 Јануари 2018
АНКАРА (АА) - Еден индиски војник го загуби својот живот во судирот меѓу пакистанските и индиските војници на граничната линија, додека тројца пакистански цивили се повредени, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на кабинетот на портпаролот на пакистанската армија се вели дека пакистанските војници одговориле на прекуграничната провокација на индиските војници кои отвориле оган.
Покрај тоа, во соопштението се истакнува дека притоа се повредени тројца цивили, по што пакистанската војска возвратила убивајќи еден индиски војник.
Од индиска страна потврдуваат дека загинал еден индиски војник, и истакнуваат дека првите истрели се направени од страна на Пакистан.
Пакистан и Индија во 2003 година потпишаа договор за прекин на огнот на граничната линија. Примирјето помеѓу двете земји повремено се прекршува, со што се зголемуваат тензиите меѓу двете земји.