Emre Gürkan Abay
04 Јануари 2018•Ажурирај: 04 Јануари 2018
МОСКВА (АА) - Десет лица ги загубија своите животи при пожар во фабрика за чевли во рускиот град Новосибирск, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на руското Министерство за вонредни состојби се истакнува дека во утринските часови избувнал пожар во фабрика за чевли во Новосибирск поради технички дефект.
Според првичните сознанија, десет работници ги загубија своите животи, а на местото на настанот испратени се голем број пожарникарни и амбулантни возила.
Во соопштението се наведува дека починатите работници се државјани на Кина и Киргистан, дека пожарот е ставен под контрола и нема опасност за луѓето што живеат во околината.