Abdullah Aşıran
04 Јануари 2018•Ажурирај: 04 Јануари 2018
РОТЕРДАМ (АА) - Во голем број градови на Холандија илјадници работници на јавниот превоз штрајкуваат со барање за подобри работни услови и зголемување на платите, предизвикувајќи проблеми во превозот, јавува Anadolu Agency (AA).
Конфедерацијата на работнички синдикати на Холандија (FNV) упати повик за еднодневен штрајк на целата територија на Холандија, на кој се одзваа илјадници работници во јавниот превоз.
Поради штрајкот, во поголемиот дел од државата возилата за јавен превоз не се ставени во функција.
Во соопштението што го даде Конфедерацијата на работнички синдикати се наведува дека потребно е преземање конкретни чекори за подобрување на работните услови, додавајќи дека е побарано и годишно покачување на платите од 3,5 отсто.
Во соопштението се истакнува дека доколку барањата не бидат исполнети, тогаш ќе бидат организирани нови штрајкови.
Работниците од јавниот превоз на Амстердам и Хаг не учествуваат во штрајкот бидејќи имаат поинакви работни договори.