Zehra Nur Düz
05 Мај 2019•Ажурирај: 06 Мај 2019
КАРАКАС (АА) - Повикот на самопрогласениот привремен претседател на Венецуела, Хуан Гваидо, за неговите поддржувачи да излезат на улиците да протестираат со цел соборување на избраниот претседател на земјата, Николас Мадуро, остана во голема мера без одзив, јавува Anadolu Agency (AA).
Гваидо на социјалната мрежа Твитер во петокот повика на генерален штрајк за да се стави крај на узурпацијата на Мадуро.
„Продолжувањето на протестите на улиците е единствен начин да се одржи вниманието, притисокот, дејството на меѓународната заедница... и да се демонстрира на оние кои сѐ уште го поддржуваат диктаторот дека нема да постои стабилност сѐ додека продолжи узурпацијата“, изјави тој.
Но потегот на Гваидо, за кој тој вели дека е почеток на крајната фаза од напорите за соборување на Мадуро, се чини дека не успеа да добие доволно поддршка од венецуелскиот народ.

Само мали противнички групи во двата дела на Каракас одговорија на неодамнешниот повик за протест на Гваидо.
Протестите беа одржани само во Ла Касона и Алтамира Скверс, претходно организирани од опозицијата.
Ниту Гваидо ниту замениците не присуствуваа на демонстрациите.
Венецуела е погодена со протести од 10 јануари кога претседателот Николас Мадуро положи заклетва за вториот мандат по изборите кои ги бојкотираше опозицијата.
Тензиите дополнително се зголемија кога опозицискиот лидер Хуан Гваидо на 23 јануари се самопрогласи за вршител на должноста претседател, потег што го поддржаа САД и многу европски и латиноамерикански држави. Русија, Турција, Кина, Иран, Боливија и Мексико го поддржуваат Мадуро.