Ömer Faruk Yıldız
05 Мај 2019•Ажурирај: 05 Мај 2019
КУАЛА ЛУМПУР (АА) - Војската на Северна Кореја изврши ново тестирање на ракетите од краток дострел, а сето тоа на местото на настанот го надгледуваше и лидерот на таа земја, Ким Џонг Ун, пренесува Anadolu Agency (AA).
Севернокорејските сили вчера во база кај градот Вонсан извршија воена вежба за време на која се тестирани ракети од краток дострел.
Новинската агенција КЦНА (KCNA) јавува дека на тестирањето на ракетниот арсенал со краток дострел присуствувал и севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун.
Истиот извор јавува дека целта на вежбата била тестирање на проектилите со тактичко наведување.
Проектилите со повеќецевни фрлачи на ракети се истрелани во правец на Јапонското Море.
Шефовите на јужнокорејската и на американската дипломатија, Канг Кјунг Вха и Мајк Помпео, телефонски разговараа и се договорија за внимателно следење на развојот на ситуацијата по новите воени вежби во Северна Кореја.