Yusuf Özcan
23 Јануари 2020•Ажурирај: 25 Јануари 2020
ПАРИЗ (АА) - Како резултат на ураганот Глорија, кој ги погоди француските јужни подрачја на Оде и Пиринеј-Ориенталс, евакуирани се 1.750 лица од своите домови, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Ураганот Глорија по Шпанија ги погоди јужните подрачја на Франција.
Според соопштението на Метеоролошкиот завод на Франција, во Оде и Пиринеј-Ориенталс, кои се наоѓаат на границата со Шпанија, е издадено највисокото ниво на аларм, односно црвен аларм.
Во некои градови се случија поплави поради врнежите од дожд, додека евакуирани се 1.750 лица од своите домови.
Во соопштението на гувернерството на Пиринеј-Ориенталс се наведува дека на околу 1.000 домаќинства во ова подрачје не може да им се обезбеди електрична енергија.
Властите побараа учениците и студентите во подрачјата на Оде и Пиринеј-Ориенталс да не ја следат наставата.
Инаку, ураганот Глорија во Шпанија предизвика смрт кај 9 лица, додека над 80 лица беа повредени.