Safvan Allahverdi
11 Октомври 2017•Ажурирај: 12 Октомври 2017
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот претседател, Доналд Трамп, го предизвика државниот секретар Рекс Тилерсон преку тест за интелигенција да утврдат кој е посупериорен, а причина за тоа е неодамнешната наводна изјава на Тилерсон во која Трамп го нарекува морон, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Убеден сум лажна е информацијата дека ме нарекол така, но, ако тоа е вистина, сметам дека треба да ги споредиме тестовите за интелигенција, и веќе сега можам да ви кажам кој ќе победи“, изјави Трамп во интервју за списанието „Forbes“ (Форбс).
Од Белата куќа брзо реагираа и појаснија дека Трамп само се шегувал, но тоа секако укажува на напнатоста во односите меѓу Трамп и шефот на Стејт департментот.
Телевизијата Ен-би-си (NBC) претходно објави дека Тилерсон имал намера да поднесе оставка на функцијата секретар, но дека американскиот потпретседател Мајк Пенс го замолил тоа да не го прави тоа до крајот на годината.
Повикувајќи се на три неименувани извори, „NBC“ објави дека Тилерсон го нарекол Трамп морон на состанокот одржан во Пентагон на 20 јули.
Портпаролот на Тилерсон дополнително ги негираше тие наводи, но не го негираше негативното мислење на Тилерсон за Трамп, туку само кажа дека Тилерсон не го употребил тој термин.
Трамп за “Forbes“ (Форбс) даде коментар и дека неговите изјави често доаѓаат во колизија со изјавите на Тилерсон во врска со надворешнополитичките теми, но рече дека не ја поткопува работата на американскиот државен секретар, туку ја зајакнува власта на Вашингтон.