Ekipa
15 Октомври 2017•Ажурирај: 16 Октомври 2017
РАКА/АНКАРА (АА) - Локалните борци на терористичката организација ДЕАШ се повлекуваат од Рака откако постигнаа договор за евакуација со терористичката организација ПКК-ПЈД, која презема контрола во тој сириски град, јавува Anadolu Agency (AA).
Неиуменувани локални извори јавуваат дека челниците на терористичките групи ПКК/ПЈД и ДЕАШ по едномесечните преговори договориле дека локалните борци на ДЕАШ со семејствата се повлекуваат од Рака кон периферијата на соседен Деир ез-Зор.
Меѓутоа, договорот се однесува само на локалните припадници на ДЕАШ, а се очекува странските борци во редовите на ДЕАШ да останат и да ги бранат позициите кои се контролираат во Рака.
Единиците на ДЕАШ составени од странските борци контролираат многу мал простор, а речиси целиот град е веќе во рацете на терористите на ПКК/ПЈД.
ПКК/ПЈД со поддршката на САД од почетокот на јуни тргна во акција на заземање на Рака, која е богата со нафта, која од почетокот на 2014 година беше под контрола на терористите на ДЕАШ.