Bakir Tiro
19 Јануари 2017•Ажурирај: 21 Јануари 2017
САРАЕВО (АА) - Во Унгарија започна потпишувањето на петиција против кандидатурата на Будимпешта да биде домаќин на Летните олимписки игри во 2024 година, јавува Anadolu Agency (AA).
Организаторот на петицијата, новата политичка партија „Moментум“ на овој начин сака да го исполни условот за распишување референдум за ова прашање.
Во рок од 30 дена треба да се соберат 138.000 потписи од граѓаните од Будимпешта, со што ќе можат да го принудат Градскиот совет да распише референдум за кандидатурата за домаќин на Олимписките игри 2024.
„Моментум“ му се спротивстави на Виктор Орбан, премиерот на Унгарија, обвинувајќи го дека организирањето на Олимписките игри во 2024 година би било катастрофално за економијата на земјата.
Ривали на Будимпешта во борбата за организатор на игрите се Лос Анџелес и Париз, а Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) во септември оваа година, на конгрес во Лима ќе одлучи кој ќе биде организатор на игрите.