Halit Süleyman,Levent Tok
19 Јануари 2017•Ажурирај: 20 Јануари 2017
АНКАРА (АА) - Опозициските сили во Сирија останаа верни на договорот за прекин на огнот, кој стапи на сила на 30 декември, за разлика од војската на претседателот на земјата, Башар ал Асад, и неговите поддржувачи кои често го кршеа примирјето, јавува Anadolu Agency (AA).
Договорот за прекин на огнот беше склучен со посредство на Турција и Русија. Меѓутоа, во текот на 21 ден, уште од првиот момент, војската на Асад и терористичките групи поддржувачи на режимот во земјата го кршат постигнатиот договор.
Цел на воздушните напади на Асад во кои се користени барелни бомби, и на артилериските напади на Хезболах неретко се населбите во долината на Барад, на периферијата на Дамаск.
Режимот и Хезболах од воздух и од копно го нападнаа јужниот и западниот дел на градот, периферијата на градот Латакија, центарот и периферијата на градот Идлиб, периферијата на Источна Гута, Мадаја и Забадани, населби под контрола на опозицијата сместена на северниот дел на Хама и Хомс и градот Дара на јужниот дел на земјата.
Новинарот на АА дознава дека во нападите на Асад, како и во нападите на групите што се поддржани од Иран загинале 72 лица, од кои 21 во Идлиб, 19 во долината Барада и Источна Гута, осуммина во градот Дера, шест во Хама и Хомс и 12 во западниот дел на Алепо.
Сириската мрежа за човекови права (СНХР) на 15 јануари го објави извештајот во кој се наведува дека режимските сили и поддржувачите на режимот договорот го прекршиле 311 пати во првите две недели.
Покрај тоа, во соопштението издадено минатата недела од страна на Високиот преговарачки комитет, кој ја претставува сириската опозиција, се вели дека режимските сили го прекршиле договорот 399 пати.
Спротивно на режимот, опозицијата го прекрши договорот за прекин на огнот едниствено заради одбрана, кога дојде до интензивни напади од стана на режимот, но не со цел да ја заземат територијата.
За разлика од опозицијата, режимот ја зазеде територијата во Источна Гута и долината Барада.