свет

Пенс: „Ослободено последното упориште на ДЕАШ во Сирија“

„Во овој момент, по должината на реката Еуфрат, последната милја од територијата каде што некогаш се вееше црното знаме на ИСИС [ДЕАШ], е ослободена“, рече Пенс на Безбедносната конференција во Минхен

Ayhan Şimşek  | 16.02.2019 - Обновена : 17.02.2019
Пенс: „Ослободено последното упориште на ДЕАШ во Сирија“

Minhen

МИНХЕН (АА) - Последното упориште на ДЕАШ во Сирија е заземено, соопшти денес американскиот потпретседател Мајк Пенс, јавува Anadolu Agency (AA).

„Во овој момент, по должината на реката Еуфрат, последната милја од територијата каде што некогаш се вееше црното знаме на ИСИС [ДЕАШ], е ослободена“, рече Пенс на Безбедносната конференција во Минхен.

Тој потсети на одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да ја предаде борбата против ДЕАШ на партнерите во регионот и да ги испрати американските војници дома.

„Ова е промена во тактиката, а не промена во мисијата“, истакна тој, додавајќи дека тие ќе го задржат силното присуство во регионот.

„САД ќе продолжат да работат со сите наши сојузници за да се уништат остатоците од ИСИС [ДЕАШ], каде ѝ да ја подигнат нивната грда глава“, рече тој.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın