свет

Арапската лига ги повика САД и земјите од ЕУ да го запрат извозот на оружје за Израел

Арапската лига одржа вонреден состанок на ниво на постојани претставници на кој се разговараше за случувањата во Појасот Газа

İbrahim Khazen, Ömer Erdem  | 25.04.2024 - Обновена : 27.04.2024
Арапската лига ги повика САД и земјите од ЕУ да го запрат извозот на оружје за Израел

КАИРО (АА) - Арапската лига ги повика Соединетите Американски Држави (САД) и земјите од Европската Унија (ЕУ) да го запрат извозот на оружје и муниција во Израел, јавува Анадолу.

Арапската лига одржа вонреден состанок на ниво на постојани претставници на кој се разговараше за случувањата во Појасот Газа, каде што израелската војска продолжува со нападите веќе над 200 дена.

Според египетската новинска агенција МЕНА, Арапската лига остро ја осудила „агресијата и геноцидот на Израел врз палестинскиот народ во Појасот Газа, Западниот Брег и Ал Акса“.

Арапската лига исто така предупреди дека нападот на израелската војска врз градот Рафа ќе значи нов масакр врз палестинскиот народ.

Исто така остро е осудено и американското вето на барањето на Палестина за полноправно членство во Обединетите нации (ОН).

Израел од 7 октомври минатата година врши напади врз Појасот Газа, во кои досега загинаа најмалку 34.262 Палестинци, а 77.200 се ранети.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.