Mustafa Melih Ahıshalı
27 Јануари 2020•Ажурирај: 27 Јануари 2020
ТЕХЕРАН (АА) - Патнички авион излета од пистата на аеродром во југозападниот дел на Иран, јавува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на Агенцијата за цивилно воздухопловство на Иран, Реза Џаферзаде, соопшти дека авионот на компанијата „Каспијан ерлајнс“ (Caspian Airlines) по слетувањето излетал од пистата на аеродромот во Махшахр.
Џаферзаде за Иранската државна телевизија изјави дека сите патници и членови на посадата се добро и дека немало потешко повредени лица.
Причината за несреќата е предмет на започнатата истрага.