свет

Ердоган: „Меѓународната заедница не го положи испитот во Сирија, а ниту во Либија"

По состанокот на двајцата претседатели, одржан е и сосанок на делегациите на двете земји. Ердоган и Тебун во текот на средбата го потпишаа и Договорот за воспоставување на Советот за стратешка соработка на високо ниво помеѓу двете земји

Zafer Fatih Beyaz  | 26.01.2020 - Обновена : 27.01.2020
Ердоган: „Меѓународната заедница не го положи испитот во Сирија, а ниту во Либија"

АЛЖИР (AA) - Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ергодан се наоѓа во официјална посета на Алжир каде со највисоките држави почести беше дочекан од претседателот на оваа држава, Абделмаџид Тебун, јавува Агенција Анадолија (АА).

По состанокот на двајцата претседатели, одржан е и сосанок на делегациите на двете земји. Ердоган и Тебун во текот на средбата го потпишаа и Договорот за воспоставување на Советот за стратешка соработка на високо ниво помеѓу двете земји.

Одржана е и заедничка прес-кофенренцијана која Ердоган рече дека со алжирските лидери разговарал за дополнително јакнење на соработката, посебно за чекорите кои е потребно да се преземат со цел продлабочување на односите во областа на економијата, трговијата, наменската индустрија и туризмот. Разговарано е и за зголемување на трговската размена со Алжир на пет милијарди долари.

„Нашите инвестиции во Алжир достигнаа 3,5 милијарди долари. Оваа бројка покажува висок степен на доверба на нашите стопанственици во таа земја. Исто така искажана е и заедничка волја за дополнително јакнење на меѓусебната трговска размена", рече Ердоган.

Додаде дека разговарале и за регионалните случувања со посебен осврт на Либија.

„Турција нема никаква друга цел во Либија освен воспоставување мир и стабилност. Во Либија не можеме да толерираме пролевање на крвта на нашите браќа. Во потполност го поддржуваме постигнувањето на примирјето и процесите кои би ги воделе Либијците под покровителство на Обединетите нации", рече Ердоган.

Истакна дека неговата земја ќе продолжи да вложува напори за да се запре пролевањето на крвта во Либија.

„Не смее да се дозволи Либија да стане полигон за терористичките организации и господарите на војната", рече турскиот претседател и нагласи дека би било погубно да се наградат оние кои напаѓаат, а да се казни страната која заговара договор и мир.

„За жал меѓународната заедница не успеа да го положи испитот во Сирија а ниту во Либија. Очигледна е инертноста и амбивалентниот став, посебно меѓу европските земји, имаат голем удел во продлабочување на либиската криза", рече претседателот Ердоган.

Претседателот на Алжир истакна дека со турскиот претседател разговарал за бројни пршања, вклучувајќи го и јакнењето на билатералните односи и дека е усогласено трговската размена на двете земји да биде зголемена на пет милијарди долари.

Истакна дека Турција во поседните години оствари голем економски напредок и дека неговата земја сака дополнително да ги продлабочи трговските врски со Анкара.

Нагласи дека во текот на состанокот е договорено во Алжир да биде отворен турски културен центар, а во Турција алжирски центар и изрази сочувство на семејствата на страданите во земјотресот во Елазиг во Турција.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.