Yusuf Özcan
11 Ноември 2019•Ажурирај: 11 Ноември 2019
ПАРИЗ (AA) - Околу 40.000 луѓе учествуваа на протестите во Париз, за да искажат незадоволство поради исламофобични изјави и напади, кои се забележани во последните седмици, јавува Anadolu Agency (AA).
Граѓаните се собраа на повик на неколку организации. Голем број лица се собраа на железничка станица Гар Ду Норд, после што следуваше мирниот марш низ градот, до
Плоштадот Натион.
Активистите бараа да прекинат расистичките изјави и напади на муслиманите и муслиманките со хиџаб да не бидат дискриминирани.
Носеа и транспаренти на кои пишуваше „Крај на расизмот", „Не, на насилството против муслиманите"...
Според податоците на организацијата Occurence, на протестите присуствуваа околу 13.500 лица, додека организаторите тврдат дека на протестите имало 40.000 луѓе. На протестите присуствуваа некои политичари и новинари.
Марлен Скиапа, министерка за полова рамноправност, на социјалните мрежи напиша дека не се повикани да учествуваат на протестите и тврди дека оваа акција е против секуларизмот.