свет

Јоханис и Данчила во вториот круг претседателски избори во Романија

Изборната комисија соопшти дека ниту еден од вкупно 14-те кандидати не добил мнозинство гласови и дека во втроиот круг од изборите ќе останат двајцата кандидати со најмногу гласови

Ali Murat Alhas  | 11.11.2019 - Обновена : 11.11.2019
Јоханис и Данчила во вториот круг претседателски избори во Романија

БУКУРЕШТ (АА) - Романските гласачи во вториот круг претседателски избори ќе избираат помеѓу актуелниот претседател Клаус Јоханис и поранешната премиерка Виорица Данчила, јавува Anadolu Agency (AA).

Вчера во Романија се одржаа претседателски избори на кои гласаа 47 отсто од вкупно 18 милиони регистрирани гласачи.

Изборната комисија соопшти дека ниту еден од вкупно 14-те кандидати не добил мнозинство гласови и дека во втроиот круг од изборите ќе останат двајцата кандидати со најмногу гласови.

Релативен победник на вчерашните избори е актуелниот претседател на Романија и лидер на Националната либерална партија, Јоханис, со освоени 39 отсто од гласовите.

Нему, во вториот круг на избори ривал ќе му биде лидерката на Социјалдемократската партија и донеодамнешна премиерка на Романија, Данчила, која освои 22,5 отсто од гласовите.

Вториот круг претседателски избори во Романија е најавен за 24 ноември.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.