свет

Американската армија продолжува со патролите на нафтените полиња заедно со ЈПГ/ПКК

И покрај ветувањата на САД и Русија, терористичката организација ЈПГ/ПКК сѐ уште е присутна во северна Сирија

Ekipa  | 11.11.2019 - Обновена : 11.11.2019
Американската армија продолжува со патролите на нафтените полиња заедно со ЈПГ/ПКК

МАЛИКИЈЕ/АНКАРА (АА) - ОМЕР КОПАРАН/МУХАМАД МИСТО -

Американската армија продолжува со патролите во нафтените полиња на северот и истокот на Сирија заедно со ЈПГ/ПКК.

Во подрачјето на Маликије има голем број нафтени извори кои се експлоатираат од страна на терористичката организација ЈПГ/ПКК.

Anadolu Agency (AA) во областа Маликије која се наоѓа во покраината Хасека во североисточна Сирија, ги сними заедничките патроли на американската војска и терористите на ЈПГ/ПКК.

Додека терористите продолжуваат со вадењето нафта од изворите, американските патроли ги придружуваат припадници на ЈПГ/ПКК.

Терористите кои ја осигуруваат безбедноста на американските војници, се поврзани со таканаречената специјална едници ХАТ.

Американските војници, чии патроли на нафтеното поле се зголемија во последните неколку недели, повремено влегуваат во објектите и одржуваат состаноци со одговорните на терористичката организација.

Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, во изјавата дадена пред неколку дена, рече: „Никој нема право на богатствата на Сирија, освен сирискиот народ.“

Исто така, според Договорот меѓу Турција и САД на 17 октомври, Армијата на САД требаше да ги отстрани терористите од безбедносната зона во рок од 120 часа.

Американската администрација на крајот на октомври соопшти дека ќе го засили своето воено присуство на нафтените полиња во Сирија и го зголеми своето присуство околу источната сороска покраина Деир ез Зор.

Американската војска за време на турската операција „Извор на мирот“ во северна Сирија се повлече од 16 бази и воени точки во Сирија. По операцијата, американските војници се вратија во вкупно шест бази и воени пунктови во Хасека, Рака, Ајн ал Араб (Кобане).

Фокусирајќи се на своето присуство на нафтените полиња во Сирија, САД градат уште две бази во Деир ез Зор.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın